| четврток, 6 декември 2018 |

Тренинг-центар за туризам во Демир Капија

klisura-demir-kapijaЗавршена е изградбата на едукативниот тренинг-центар за туризам во Демир Капија, соопшти Виолета Јанкова, советник за туризам во општината.

– Тренинг центарот за туризам е плод на прекугранична соработка помеѓу општините Демир Капија и Лерин од Грција. Веќе е формирана фондација која ќе раководи со центарот, а во чие раководство влегуваат по едно лице од двата партнера – учесници во проектот. Целта е обука на кадри потребни во туризмот и вмрежување на туризмот со крајна цел туристички пакети кои ќе ги нудат во заеднички  аранжмани туристичките потенцијали на двете општини – изјави Јанкова.

Целокупниот проект е финансиран од Европската Унија со над 300 илјади евра. Се очекува центарот свечено да биде пуштен во употреба на 7 ноемеври, денот на ослободувањето на Демир Капија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top