| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на Македонија во квалификациите

zeni fudbal

Македонската женска фудбалска репрезентација катастрофално ги стартуваше квалификациите за Светското првенство откако беше декласирана од соодветната репрезентација на Романија со 9-1.

Навивачите во Струмица разочарани го напуштија стадионот. Романија уште на самиот почеток на мечот набрзина постигна четири погодоци. Нашиот првенец го постигна Андонова од пенал во првиот дел. Избраничките на Добре Димовски не можеа да им се спротистават на романките ниту во вториот дел. Второто полувреме започна како и првото. Во првите 20 минути примивме три гола за до во финишот од мечот беше поставен конечниот резултат 1-9.

Македонија во овие квалификации уште ќе се сретне и со Шпанија, Италија, Чешка и Естонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top