Поранешниот претседател Бранко Црвенковски го вратил на работа првообвинетиот во акцијата „Шпион“, Марјан Ефремов кој е поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање(АР) иако добил отказ во 2000 година.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ова го изјави денес на прес-конференциојата за операцијата „Диригент“. Таа рече дека Ефремов иако добил отказ, во 2004 година бил вратен на работа и унапреден во советник во кабинетот на директорот.
„Во 2004 година Ефремов го вратило на работа тогашното раководство на Агенцијата за разузнавање, што го поставил тогаш актуелниот претседател на Македонија”, изјави Јанкулоска, а Црвенковски почна да ја извршува функцијата претседател на Македонија во април 2004 година.
Според неа, Ефремов често патувал во соседната зема, а последниот пат, во 2009 година добил отказ бидејќи ја минал државната граница без согласност на неговиот претпоставен.
Ефремов и уште 19 други лица се осомничени дека подолг период оддавале државни тајни за странски разузнавачки служби, како и за уценување на личности од јавниот живот и бизнис заедницата.
Тој му е брат на велешкиот обвинител од случајот Ореше, Ивица Ефремов, кој е меѓу обвинетите во случајот Ликвидација. Марјан Ефремов исто така беше уапсен по акцијата Ликвидација откако во неговиот дом беше најдено големо количество оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Десковска и Царовска молчат, Јовановска потврди дека процесот против Јанкуловска е политичка одмазда
-
Јанкуловска има ризична бременост, не дојде на судењето на „Тенк“
-
Двојниот британско-руски шпион Скрипал барал дозвола од Путин за да се врати во Русија



