| четврток, 6 декември 2018 |

Забранета водата за пиење од водоводот Иловица

cesma

Во струмичка Иловица веќе цела недела не се користи водата од селскиот водовод. Причина за тоа е поморот на риби кој се појавил на бранатa над селото. Од комуналното претпријатие „Огражден“ при општина Босилово велат дека веднаш донеле забрана за пиење на водата, а од инспекторатото при Министерството за животна средина зеле примероци од загадената вода. Резултатите од анализите ќе бидат готови за десетина дена, а во меѓувреме околу 700 домаќинства кои се снабдуваат со вода од овој извор ќе ја користат водата од бунарите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top