| четврток, 6 декември 2018 |

Џамија во скопски Аеродром

ИВЗ150 мус­ли­ман­ски се­меј­ства од Горно Лисиче, побарале до Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца да се изгради џамија во овој дел на Ае­род­ром, пренесува „Вест“.Според весникот изготвен е и про­ект за џамијата, кој е дос­та­вен до Скоп­ско­то муф­тив­ство.

Тие бараат дозвола од ИВЗ за да им се дозволи да се изгради верски објект во близина на домувањето. Тие велат дека мораат да одат до селото Батинци или Бит Пазар за да ги извршат своите верски обреди.

– Има­ме и имот, сопс­тве­ност на ИВЗ, на кој ќе мо­же да гра­ди­ме, са­мо че­ка­ме доз­во­ла. Оп­шти­на­та нe од­би со об­раз­ло­же­ние де­ка тре­ба да се соз­да­дат по­себ­ни ус­ло­ви за тоа и да се про­ме­ни Де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план, кој не е во на­ша над­леж­ност. Јас сум за из­град­ба и на црк­ви и на џа­мии, би­деј­ќи тие се гра­дат за вер­ни­ци­те и она­му ка­де што има пот­ре­ба, не­ка се кре­нат – го пренесува Вест скоп­ски­от муф­ти­ја Иб­ра­хим Ша­ба­ни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top