Васко Тодоров се враќа на старата школа. Ролин Стоунс, Азра, Бери Вајт, се само дел од имињата чии песни ќе ечат низ звуците на грамофонот на кој стари плочи ќе реди токму тој – Тошо Малерот. Како домаќин и претставник на новото време, на диџејскиот сет ќе му се придружи и младиот Иван Иванов.
Под мотото „Back to back“, во старата чаршија ќе „грми“ музиката на Пинк Флојд, а „Галерија 8“ вечерва со почеток во 22 часот, ќе ги собере сите кои сакаат да бидат дел од овој несекојдневен настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


