| четврток, 6 декември 2018 |

Пораст на прометот во индустријата

celicna-industrija1-(1)Прометот во индустријата во јули годинава во однос на јули лани бележи пораст од 6,7 проценти. На домашниот пазар има опаѓање од 8,8 проценти, а на странските пазари пораст од 15,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, прометот во рударство и вадење камен бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот преработувачка индустрија пораст од 6,8 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај енергијата за 315,1 отсто и капитални производи за 119 отсто, додека опаѓање има кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто.
Во однос на јуни индустријата бележи пораст од 4,5 отсто, додека во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период лани за 6,9 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top