| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека даваме голема поддршка на македонските земјоделци

vmro-dpmne-sdsmСДСМ денеска прв пат призна дека оваа Влада дава далеку поголема финансиска поддршка на македонските земјоделци од било која влада предоводена од СДСМ во минатото, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ.

СДСМ, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, имаше многу години зад себе за да покаже дали и како се грижи за македонските земјоделци.

– Денес, за разлика од тогаш, бројот на вработени лица, кој својата егзистенција ја остваруваат во земјоделието е драстично поголем. Денес државата троши и до 130 милиони евра годишно за директна подршка на земјоделците, а висината на тие средства во иднина, во континуитет и ќе се зголемува. Извозот на земјоделски производи од Република Македонија во континуитет е во пораст, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Владата на Република Македонија и во иднина ќе продолжи да се грижи за земјоделците без да ги дели на големи или мали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top