| четврток, 6 декември 2018 |

Арон Рамзи даде гол против Македонија, ќе почине ли уште некој од славните личности?

Арон Рамзи со погодок од пенал израмни на 1-1 на натпреварот меѓу Македонија и Велс што е во тек и се игра во Скопје, а кога Велшанецот дава голови, опасно е по живот, особено за познатите личности.

За среќа играчот од средниот ред на Арсенал и на велшката репрезентација не погодува често, а досега по неговите голови, починаа или беа убиени, Осама бин Ладен, Стив Џобс, Моамер ел Гадафи и Витни Хјустон.

1 мај 2011 година – Рамзи ја затресе мрежата на Манчестер јунајтед, а следниот ден беше убиен Осама бин Ладен.

2 октомври 2011 година – Велшанецот му даде гол на ривалот од Лондон, Тoтенхем, а само три дена подоцна почина Стив Џобс, основачот на „Епл“.

19 октомври 2011 година – Рамзи се истакна против Марсеј во меч од Лигата на шампионите, даде гол во судиското продолжение, а веќе следниот ден почина Моамер ел Гадафи, долгогодишниот претстедател на Либија.

11 февруари 2012 година – Играчот од средниот ред на Арсенал биеше прецизно против Сандерленд, а на истиот датум во САД почина поп-дивата Витни Хјустон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top