| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен патот за подземен катастар

katastar Стапи во сила правилникот за премер на подземниот катастар со којшто се утврдени правилата врз основа на кои геодетските фирми може да стартуваат со мерење на сите инфраструктурни објекти на компаниите.
Со премерот компаниите ќе добијат имотен лист за  целата нивна инфрструктура, граѓаните јасен преглед за евентуалните водови под нивните парцели, а ќе се постигне и поголема безбедност при извршување градежни активнисти. Со овој процес првпат ќе се прави тридимензионално мерење, односно  покрај должината и ширината ќе се мери и висината.

катастар2– Веќе од понеделник сите компании што поседуваат инфраструктурни објекти можат да го почнат премерот преку приватните геодетски фирми. Со правилникот ги пропишавме правилата на игра и може да почне премерот на инфраструктурни објекти. Ги повикувам сите компании да го направат тоа час поскоро  затоа што според законот премерот треба да се направи во рок од пет години. Станува збор за многу објекти, за многу километри инфаструктура што треба да се премери, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славчо Трпески.

Ќе се врши премер на сите  објекти од копнениот  сообраќај, сите подземни објекти, како водоводни и канализациски инсталации,  електронски и комуникациски средства, електрични водови, далноводи…. – Буквално се што е инфраструктура е предмет на премер  со овој правилник, а ќе биде понатаму и предмет на упис во катастарот, нагласи Трпески. Според него, моментно има голем број инфраструктурни  објекти што буквално не се евидентирани никаде. катастар1

На ниво на држава, укажа,  ќе се знае каде точно поминуваат инсталациите, а  важен е и безбедносниот аспект.Подземниот катастар е значаен и за граѓаните, како сопственици на одделни парцели, под кои поминуваат голем број инсталации. По впишувањето на подземниот инфраструктурен објект, ако тој поминува под нивната парцела, ќе имаат основа да бараат надомест, односно ќе можат да го регулираат својот однос  со сопствениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top