САД ќе го прекине емитувањето на програмата на „Русија денес“, напиша на „Твитер“ главната уредничка на таа телевизија, Маргарита Симонјан.
„Веќе некое време чекам нашата телевизија да биде блокирана во САД. И еве започна. Браво за слободата на говорот, стои на блогот на „Твитер“. Подоцна додаде дека налогот на „Русија денес“ е блокиран од страна на ресурсот „Reddit“.
Вестите на руската ТВ ги следат над милион луѓе од целиот свет. Каналот има влијание врз јавното мислење на Запад, кое порано информации од светот добиваше исклучиво преку медиумите кои се во сопственост на мултинационалните корпорации и е под контрола на Вашингтон.
На тој начин САД добија масовна поддршка за своите акции во Југославија, Авганистан Ирак и Либија.Овој пат поголем број граѓани САД и Британија се против воената интервенција во Сирија и не им веруваат на тврдењата на своите власти, кои настојуваат да докажат дека „Асад го убива својот народ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



