| четврток, 6 декември 2018 |

Владивосток сака да е главен град на Русија

moskvaИгор Пушкарев, градоначалникот на Владивосток предлага да се премести главниот град на истокот на Русија. Во интервју за радиостаницата „Ехото на Москва“,тој објасни дека преместувањето на главниот град на Русија би можело да реши не само многу економски проблеми на источниот дел на државата, туку и територијални прашања. Пушкаров својата идеја ја темели на статистичките истражувања кои кажуваат дека државите, чии главни градови се наоѓаат на источниот дел, побрзо и подинамично се развиваат.

Минатата година Сергеј Собјанин, градоначалник на Москва, ја критикуваше ваквата идеја. Според неговото мислење, таквата одлука би ги намалила инвестициите и вработеноста, што би резултирало со „катастрофа“ за жителите на Москва и Московската област, пренесе Руска реч

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top