| четврток, 6 декември 2018 |

Нов елемент во Менделеевиот периодичен систем

mendeleev_tabl (1)Научниците од Шведска сугерираат дека е време на периодичниот систем да му се додаде уште еден елемент. Новите истражувања укажуваат на постоење на супер-тежок, радиоактивен елемент со атомски број 115. Неговото привремено име е унупентиум (УУП) со оглед на фактот дека неговото име допрва треба формално да биде утврдено.

Истражувањето е спроведено во ГСИ постројката во Германија, каде научниците со употреба на акцелератор откриле шест други елементи од 80- тите години на минатиот век.

-Ова беше многу успешен експеримент и во прашање е еден од најзначајните во нашето поле во последните години- изјави водачот на експериментот, Д-р Дирк Рудолф, професор по физика од Универзитетот Лунд во Шведска.

Доказите за постоењето на елементот 115 први го воочиле руските научници во 2004 година, но било потребно да се спроведат дополнителни експерименти  за да се потврди дека атомскиот број на елементи навистина е 115.

Доколку овој елемент биде сместен во периодичниот систем на елементи, тој ќе се придружи на неодамна именуваните соседи ливерморијум и флеровилум- елементите 114 и 116 кои се додадени во 2011 година. Периодичниот систем на елементи значително е проширен од кога во 1869 година, Димитриј Иванович Менделеев ја објави првата верзија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top