Барак Обама изјави дека се уште не донел конечна одлука за Сирија, но спомнува „ограничена “акција на САД со кој сака да го казни Башар ал Асад за употерба на хемиско оружје.
Светот не може да прифати жени и деца да се трујат со гас, порача Обама, по објавата на извештајот во кој стои дека во хемискиот напад кој се припишува на Асад во близина на Дамаск загинаа 1429 лица од кои 426 деца.
Тој го повика светот да не светот да не стои парализирано пред состојбата во Сирија. Истовремено ја осуди и немоќта на Советот за безбедност на ООН каде, како вели, Русија ја блокира секоја иницијатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


