| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров и Барселона ја освоија Доха

lazarovБарселона е новиот шампион на неофицијалното светско клупско првенство во Доха. Тимот на Кире Лазаров во финалето го совлада Хамбург, со резултат 27:25 (15:13). Барселона ја доби и високата парична награда во износ од 400.000 долари, додека Хамбург се задоволи само со 200.000 долари. Трета е екипата на Ел-Џаиш, која инкасира 150.000 долари. Ова е прв триумф на Барселона во Супер Глоуб.

Кирил Лазаров втор пат е светски клупски првак, откако минатата година славеше со Атлетико Мадрид.

Во тимот на Барселона дури 11 ракометари се запишаа во листата на стрелците. Томас со 5 и нашиотЛазаров со 4 гола беа најефикасни, но токму овој меч ја отслика колективната сила на оваа екипа, ширината на клупата, двата фантастични голмани, играта во одбрана. Кај Хамбург Линдберг со 7 и Дувњак со 4 гола се издвоија од останатите, а добар меч одигра и Црногорецот Марковиќ.

Резултати:

13.30: Натпревар за 7. место   Универзитет Сиднеј – Ал-Сад   18 : 30 (10 : 14)

15.30: Натпревар за 5. место  Таубате – Ал-Рајан   28 : 30 (12 : 17)

17.30: Натпревар за 3. место  Етоил Спортиве – Ел-Џаиш   20 : 27 (8 : 13)

20.00: Финале  Хамбург – Барселона   25 : 27 (13 : 15)

Пласман:

1. Барселона   400.000 долари

2. Хамбург   200.000 долари

3. Ел-Џаиш   150.000 долари

4. Етоил Спортиве

5. Ал-Рајан

6. Таубате

7. Ал-Сад

8. Универзитет Сиднеј

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top