| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена снимката на која Моника го заведува Клинтон: Бил не можеш да ме одбиеш бидејќи сум премногу слатка!

Четириминутниот разговор во кој Моника се обидува да го намами Клинтон да се видат бил снимен, но се сметаше дека снимката е уништена откако аферата излезе на виделина. Сепак, тоа не се случило. Снимката стигнала во рацете на чистачката што ја изнајмиле пријателите на Левински и која материјалот требало да го уништи, но го сочувала и сега го објави.

– Бидејќи утре вечер ќе бидеш сам, имам за тебе два предлога, од кои ниту еден не е да не ме видиш. Би можела да се  соблечам и да почнам… па… знам дека во тоа не би уживал? Се надевам дека ќе се видиме после и ќе го следиш моето сценарио и ќе го направиш тоа што сакам – му зборувала Моника Левински во ноември 1997 година на американскиот претседател Бил Клинтон.

На снимката Моника го уверува Клинтон дека ќе биде упорна „бидејќи, навистина, сака да го види“. На крајот му нуди две варијанти: би можеле да се сретнеме во канцеларија или да гледаме филм. Му објаснува дека секретарката би требало да му испланира распоред според кој ќе може да се гледаат, а нивната средба да не се снима.

– Јас би можела да се прикрадам и ќе имаме убава мала средба, 15 минути или половина час – тврди Левински и додава дека „тој не може да ја одбие бидејќи е премногу слатка и прекрасна“ и бидејќи набрзо нема повеќе да биде тука за да може да навраќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top