| четврток, 6 декември 2018 |

Телман Исламов е причината за разводот на Белучи и Касел, таа го изневерувала него, а не обратно

Разводот на италијанската актерска дива Моника Белучи и францускиот актер Винсен Касел сѐ уште е на дневен ред на многу таблоиди. Но, руското списание „Лејди“ донесува информација дека не е Винсен тој што ја изневерувал Моника, туку било обратно.

Имено, според списанието, Моника го изневерувала Винсен со азербеџански олигарх и познат плејбој, 56-годишниот Телман Исламов.

Тие се запознале во 2009 година на отворањето на неговиот луксузен хотел „Мардан палас“ во турското летувалиште Анталија и, според тврдењата, нивната врска трае оттогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top