| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува „ловот“ на крадците на струја

ekipa-na-evn-napadnata-vo-tetovska-golema-rechica-117388111Десетмина добиле пресметки и кривичнки пријави последнава недела откако ЕВН ги откри дека неовластено користеле струја. Овие, како и претходно откриените 35 корисници од почетокот на август, влегуваат во судска постапка по која ризикуваат, покрај високата парична казна, да заработат и затворска казна во таење до 5 години, велат од ЕВН.
– Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вештаци од почетокот на август открија 15 корисници кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа. Откриени се и 30 случаи на манипулирани броила, со што вкупната штета што ја направиле крадците изнесува 6,5 милони денари или 1 милион киловат-часови. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период – соопштуваат оттаму.

Од почетокот на годинава ЕВН Македонија откри 1.200 кражби на електрична енергија. Штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ или крадците потрошиле 20 милони киловат-часа електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top