| четврток, 6 декември 2018 |

Ја силувал, а потоа се обидел да ја ограби

tepana zena

Дваесет и четиригодишен жител на радовишкото село Коџалија заработи кривична пријава бидејќи најпрво силувал сограѓанка, а по еден месец се обидел и да ја ограби.

На деветти јули, Е.А. од селото Коџалија ја пресретнал својата сограѓанка која ја силувал.

Еден месец подоцна, околу полноќ додека неговата сограѓанка се движела пеш, Е.А. од зад грб се обидел на дрзок начин да ѝ ја одземе чантата која ја носела, но таа пружила отпор и насилникот се откажал од намерата.

Полицијата во Радовиш против Е.А. поднесе кривична пријава за сторени кривични дела силување и тешка кражба во обид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top