Индиските служби го уапсиле Јасин Баткал, еден од најбараните осомничени за тероризам, соопшти индискиот министер за внатрешни работи. 
Американската СиЕнЕн пренесува дека тој е на распит во полиција. Се верува дека тој е основач на Индиските муџахедини, милитантна група која е забранета во Индија и е на американскиот список на терористички организации. 
Баткал е осомничен како планер на повеќекратното бомбардирање во Мумбај во 2011, кога загинаа 27мина, како и во пекарата во градот Пунеу во 2010 кога загинаа 17 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


