| четврток, 6 декември 2018 |

Внуката на Јованка Броз тврди: лажат дека Јованка одбиваше лечење

Сите се сетија на Јованка сега кога умира, вели огорчено Нада Торлак, внука на некогашната прва дама на СФРЈ.

Најблиското семејство е згрозено, како што вели таа, „од грижата“ на јавноста за здравјето на Јованка, но и од сите тие што одбива да ги именува, кои во текот на три децении не одговорија на нејзините повици за помош.

373103_nada-torlak_hs

– Лага е дека Јованка одбивала да се лекува. Кој нормален човек би одбил медицинска или геронтолошка сестра и лекари кои ѝ беа неопходни како на секој стар човек. Таа бараше помош, но никој не одговори. Поединци, меѓу оние кои сега наводно се грижат за нејзиното здравје, всушност, не дозволија да ѝ се помогне – раскажува Нада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top