| четврток, 6 декември 2018 |

Атман: Не се опуштаме, иако минавме голем дел од патот кон ЛШ

Павел Атман беше извонреден во официјалното деби за Металург и со 4 гола, но и борбена игра во одбраната, беше меѓу назјаслужните за блескавиот триумф на Металург од 26-16 против ПИК Сегед. Рускиот репрезентативец повикува на внимание пред реваншот во Сегедин в недела иако е јасно дека македонскиот вицешампион е веќе во друштво на ракометната елита.

– На почетокот ни одеше нешто потешко, тоа е нормална работа бидејќи беше наш прв меч во ЛШ сезонава и мој прв официјален натпревар за Металург. Малку бевме нервозни, но во продолжението заигравме подобро во одбраната. Од тоа произлегоа лесни голови и тоа беше нашиот рецепт за успех вечерва. Не се отпуштаме, знаеме дека имало случаи кога екипи прокоцкале десет гола предност, но верувам дека минавме голем дел од патот кон Лигата на шампионите – изјави Атман.

Средниот бек на Металург ја воодушеви публиката со борбеноста, со знаењето, а тимот доби вистинско засилување. Атман има 26 години, а летово од Динамо Минск пристигна во редовите на клубот од Скопје, кој е на чекор од четврти едноподруго настап во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top