| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со едната нога веќе е во ракометната лига на шампиони (Фото)

metalurg-za-goreМеталург со едната нога веќе е во ракометната лига на шампиони. Десет гола предност за македонскиот вицешампион по првиот меч од двобојот кој треба да одлучи дали Македонија за прв пат покрај шампионот Вардар ќе има два тима во најсилното европско натпреварување.

metalurg-1Покрај голманот Станиќ и другите македонски играчи, се чини навивачите на тимот од Автокоманда добија уште еден идол- Павел Атман кој играше одлично и најави дека ќе биде еден од главните полуги во Металург.

metalurg-2На голема врата во салата Борис Трајковски се врати и крилото Дејан Манасков кој пружи одлична партија по повредата. Стандардно добро играа и Наумче Мојсоски, словенецот Вугринец, Филип Миркулоски и останатите кои покажаа дека и годинава имаат потенцијал да дојдат до завршницата на Лигата на шампионите.

metalurg-3Металург играше добро и во нападот, но одлучниот резултат се чини го оствари со уште подобрата одбрана преку која Унгарците од Сегедин не можеа да остварат подобар резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top