Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот до манастирот Трескавец.
Тој таму запали свеќа за здравје, разговараше со свештените лица и со граѓаните.
Новоизградениот пат од Прилеп до манастирот „Трескавец“ е во должина од 7,5 километри, за кого Владата од Буџетот инвестираше 83 милиони денари или 1.400.000 евра.
-Со неговата изградба Прилеп ќе стане уште поатрактивна локација која ќе овозможи развој на манастирскиот, но и други видови алтернативен туризам, а дополнително со обновата на конаците се очекува годишна посета од над 50.000 туристи тука во овој манастир, рече Груевски.
Со реализацијата на овој проект, како што додаде, потврдивме оти изградбата и реконструкцијата на патиштата останува еден од врвните приоритети на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


