| четврток, 6 декември 2018 |

„Ибрахимовиќ повеќе не е центар на светот“

„Ибрахимовиќ повеќе не е центар на светот. ПСЖ со Кавани доби нова ѕвезда и еден од нив двајцата ќе биде поуспешен од другиот“, вели Папен за медиумите од својата земја

Zlatan-Ibrahimovic-5

Од друга страна, пристигнувањето на уругвајскиот фудбалски интернационалец разбирливо предизвика и мали промени во таборот од француската престолнина, каде што до неодамна беше неприкосновен Златан Ибрахимовиќ.

Велиме дека беше затоа што легендарниот француски фудбалер Жан Пјер Папен изјави дека статусот на шведскиот напаѓач во ПСЖ е поинаков откако на „Паркот на принцовите“ дојде Кавани.

Ибра во тековната натпреварувачка кампања сѐ уште не успеа да се наметне со своето препознатливо доминантно однесување, а на тоа влијае и врз неговиот ефект во досегашниот дел од Лига 1.

– Сигурно не му е лесно по погодоците на Кавани. Сепак, убеден сум дека приоритет му е победа на екипата бидејќи тимот секогаш мора да биде над поединецот – додава легендарниот Французин.

Како што веќе рековме, „светците“ во тековната сезона ќе ја бранат титулата во домашното првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top