| четврток, 6 декември 2018 |

Луксузен крузер со повеќе од 2.000 геј патници доаѓа во Котор

Бродот „Селебрити силует“, кој е наменет за крстосување на хомосексуалци и на кој се наоѓаат над 2.000 патници од геј-популацијата од Европа, Бразил и Австралија, треба да вплови во Котор. Крузерот, кој во пристаништето во Котор ќе биде до 18 часот, го почнал своето крстосување од Венеција до Рим, Хрватска, Грција, Црна Гора и Корзика, а на веб-сајтот на агенцијата „Атлантис“ пишува дека го редефинира искуството за крстосување по море.

Бродот нуди „пространи и модерни простории“, чисти линии и содржини како во луксузен ресорт. Но, велат дека најдобро од се е што на бродот можете да најдете и скара или вистинска трева, која расте на горната палуба.

А, за луксуз секогаш треба да се плати. Така за пентхаус апартманот на ова крстосување се плаќа 13.999 долари и тој е продаден, исто така и кралскиот апартман, кој чини 8.999 долари, а 5.899 долари е платено за селебрити апартман, додека за сите категории распродадени скај апартмани се потребни 4.499, односно 4.299 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top