Египетскиот суд го одложи денеска за 14 септември повторното судење за убиство и корупција на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, неговите синови и на високи функционери од силите за безбедност.
Мубарак, кој во четвртокот е ослободен од затвор и ставен во домашен притвор, денеска присуствуваше на судењето, како и останатите обвинети.
На поранешниот египетски претседател му се суди за соучество во убиство на демонстранти за време на протестите, кои доведоа до негово соборување од власта по 30 години владеење. Мубарак (85) во јуни минатата година по ова обвинение е осуден на доживотен затвор, но по внесената жалба, во јануари е донесена одлука за повторување на судењето. По истото обвинение им се суди и на поранешниот министер за внатрешни работи, на шестмина шефови на разузнавачки служби и на двајцата синови на Мубарак.
Почетокот на судењето на лидерот на „Муслиманско братство“, Мохамед Бади и на двајца негови помошници, обвинети за убиство на демонстранти во протестите против соборениот претседател Мохамед Морси е одложено за 29 октомври.
Од безбедносни причини во судот не беа доведени тројцата обвинети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


