Четиристотини тони оружје биле испратени во Сирија преку Турција за подобрување на борбената готовност на бунтовниците во борбите против силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјавија извори на сириската опозиција.
Според нив оружјето било финансирано од земји од Перисискиот Залив. Пратката била пренесена преку границата на турскиот округ Хатај во изминатите 24 часа.
– Дваесет камиони преминаа од Турција и се распределуваат во складишта за оружје за неколку бригади во северниот дел на земјата – изјавува бунтовникот Мохамед Салам, кој тврди дека е очевиде на пристигнувањето на оружајето.
Висок офицер од бунтовничкиот Висок воен совет, кој ја има поддршката од Западот, исто така го потврди пристигнувањето на пратката.
Во меѓувреме висок турски дипломат категорично демантираше дека преку Турција било испратено оружје за сириските бунтовници, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
– Тие тврдења се апсолутно неточни, како што беше случајот и со слични информации, кои претходно беа објавувани, изјави турскиот дипломат за весникот.
Дипломатот, кој побарал анонимност додаде дека и во претходните изјави турските власти нагласуваа дека Турција не учествува во никаков вид на доставки на оружје за сириските бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонски државјанин уапсен во Албанија поради шверц на оружје
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


