Ретко кој ја препозна фолк-ѕвездата Благица Павловска зад сцената на фолк-вечерта на “Охрид фест”. Во друштво на пријатели, опуштено го следеше Фестивалот во охридското кафуле “Објектив” на Кејот, елегантно облечена , со појака шминка и видно ослабена – објавува Вест.
-Работам на текстови и на музика за моите идни песни. Тоа нема да бидат љубовни песни, сум испеала многу такви досега. За љубовта засега ништо не пишувам, таква песна ќе испеам кога ќе дојде вистинско време. Засега повеќе сум инспирирана за родољубиви песни, на ‘Валандово’, на пример, пеев: ‘И повторно да се родам, тебе ќе те сакам, Македонијо’. Пишувам и стихови, како ‘Брат брата не храни, тешко кој го нема’, ‘Вечна слава, Македонци’. Не се повлеков од музиката, јас постојано творам и пеам, кога имам што да кажам. Без оглед што не пеам класични љубовни песни, опкружена сум со многу љубов, Божјата, пред сe. Божјата љубов е најважна од сe. Имам и верни пријатели што се секогаш тука да ми подадат рака, како што велат, роднините не ги избираш, но пријателите да – вели Благица за Вест.
Таа се пофали дека живее здрав живот, и постојано духовно се храни.
-Многу внимавам на себе и држам до себе, но не егоистички. Ниту една жена со годините не смее да си дозволи да падне туку треба да оди напред. Се потхранувам духовно од Божјата љубов. Од љубовта не сум се откажала, таа треба само да се случи – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


