| четврток, 6 декември 2018 |

Почина повредениот во сообраќајката во Аеродром

mvrСкопјанецот кој по синоќешната сообраќајна несреќа во Аеродром беше пренесен во болница починал. Се работи за 56 – годишниот Драгослав М. кој 5 минути по полноќ им подлегнал на повредите во болница.

Тешката сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата од улица „Владимир Комаров“ со улица „Бојмија“, синоќа околу 22.30 часот. Се судрија автомобил „тојота“ со којшто управувал 56-годишниот Драгослав М. и автомобил „рено твинго” управувано од 62-годишниот Д.Ј. од Скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top