Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов пред неколку дена наредил сите работоспособни граѓани обврзно да купат велосипеди за да учествуваат на велосипедската трка, која треба да се одржи на 1 септември. Не било во ред ваква манифестација да не биде поддржана од граѓаните и политичарите.
– Оваа кампања може да ви помогне и да го подобри вашето здравје. Тоа ќе влијае и на вашето размислување за зачувување на животната средина, но и ќе го промовира велосипедизмот, рекол претседателот на Туркменистан.
По неговиот настап на телевизија, започнала и кампањата „Безбедност во сообраќајот, движење на патот и благосостојбата на нашите животи“. Името според западните медиуми звучи многу поетски на туркменистански, за што велат дека е многу важно.
– Сметам дека годинава на трката ќе учествуваат околу пет милиони велосипедисти, вели Бердимухамедов.
По објавата на неговата изјава цената на велосипедите нагло пораснале во Туркменистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


