Несогласувањето со новото работно место ги вметна во медиумите медицинската сестра и директорката од Здравствениот дом во Пехчево. Како што се јавува од таму, тие имале „блиска средба“. Вербалната расправија ја завршил стоматолог, инаку син на директорката.
Според едната верзија тој физички ја нападнал сестрата, според другата сестрата прва го нападнала стоматологот.
Медицинската сестра тврди дека се качила на разговор кај директорката, но наместо да ја сослушаа таа и рекла да ја напушти канцеларијата, по што влегол и нејзиниот син, вработен стоматолог во Здравствениот дом и физички ја нападнале.
Директорката пак тврди дека всушност таа е жртва на навреди и омаловажувања од страна на вработената. Вревата станала неподнослива, влегол синот-стоматолог, но немало никаков физички контакт или напад.
Расправијата се случила заради прераспределба на медицинската сестра на ново работно место со што таа тврди дека е финансиски оштетена и бара враќање на нејзиното старо работно место.
Инцидентот е предмет и на полициска истрага, но и на внатрешна контрола од Министерството за здравство. Медицинската сестра најавува тужба, а директорката поведување дисциплинска постапка.
Според Нова Македонија, во Здравствениот дом – Пехчево подолго време меѓучовечките односи се нарушени, па лекарите го повикуваат министерот за здравство да ја посети институцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија


