Грозница го тресе Мадрид пред официјалното потпишување договор со Герет Бејл во Реал, а „кралскиот клуб“ веќе и не крие дека Велшанецот за 99 милиони евра и рекорден трансфер ќе допатува во главниот град на Шпанија.
Синоќа на официјалниот веб-сајт на кој може да се купи дрес од сите играчи на Реал, беше понуден и дресот со број 11, што ќе го носи 23-годишниот играч, а се случи и комплетен крах. Веб-сајтот беше пребукиран од посети и извесно време остана надвор од употреба, односно не функционираше. Бејл за рекорден трансфер во историјата на фудбалската игра, денеска треба да стане член на популарните „Меренгеси“.
Претходниот рекорд е на Кристијано Роналдо, а повторно во главна улога е Реал, клуб кој во 2009 година го купи тогашниот напаѓач на Манчестер јунајтед за сума од 93,9 милиони евра. Сега повторно клубот од Мадрид ќе плати рекордна сума и пак ќе ќари состав од британскиот остров, но овојпат не е Манчестер јунајтед, туку Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


