
Натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб, во разговор за српски „Спортски журнал“ ја открива причината за успесите на македонската кошаркарска репрезентација и ветува дека кога ќе дојде време, Македонија ќе биде на потребното ниво.
„Од моментот кога дојдов во Македонија, сите играчи направија да се чувствувам како дома. Заедно најдобро функционираме, со години играме во истиот состав и сѐ е прекрасно. Сите сме како браќа. Ова е мојата прва недела на подготовките. Имаме уште доволно време, кога ќе дојде тој период, да бидеме на ниво. А, потоа од натпревар во натпревар ќе растеме на шампионатот.
Што се однесува до нашиот противник во групата, Србија, Мекејлеб вели:
– Не обрнувам внимание на другите тимови. Знам дека Србија има многу млади играчи, талентирани, но и сјаен тренер. Ќе биде исклучително тежок противник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


