| четврток, 6 декември 2018 |

Спомените на Лечиќ и колегите од златната генерација (видео)

lazar lecicЛегендата на македонската и југословенската кошарка поранешниот стратег Лазар Лечиќ се сретна со своите репрезентативни колеги, златната генерација на поранешна СФРЈ, во Љубљана. Свеченоста беше организирана по повод 43 годишнина од освојувањето на првиот златен медал на Светските првенства на репрезентацијата на СФРЈ. Покровител на оваа манифестација беше претседателот на Словенија Борут Пахор, а меѓу членовите кои присуствуваа на ова дружење беше и македонскиот стратег Лечиќ, кој таа 1970 година во Словенија, беше асистент на селекторот Ранко Жеравица. Капитен на таа селекција беше легендата на Словенечката кошарка Иво Данеу, кој на оваа прослава беше одликуван со Орден за заслуги од страна на претседателот Пахор.

Покрај Данеу членови на златната генерација беа и Крешимир Ќосиќ, Винко Јеловац, Петар Сканси, Трајко Рајковиќ, Никола Плеќаш, Рато Тврдиќ, Љубодраг Симоновиќ, Драгутин Чермак, Аљоша Жорга, Дамир Шолман и Драган Капичиќ. Од тој шампионат Лечеќ има сеуште одлични спомени.
– Покрај тоа што станавме светски прваци, во трајно сеќавање и спомен ќе ми остане подарокот кој по шампионатот ми го подари Маршалот Тито, златен рачен часовник од марката „шафхаузен„ број 52, со посвета –  изјави Лечиќ за Нова Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top