| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеал удар од воз што се движел со 170 км/ч

voz indijana

Дваесет и двегодишно момче од Индијана, САД, преживеало неверојатна несреќа откако било удрено од воз кој се движел со брзина од 170 километри на час. Дерил Си имал слушалки во ушите додека ја минувал пругата, па не ја слушнал сирената за предупредување. Ударот го отфрлил шест метри, а неговите патики завршиле на 45 метри од местото на несреќата. Минал со две фрактури и полесна повреда на главата.

– Се чувствувам добро. Не одлично, но ОК сум – рекло момчето од болничкиот кревет.

Полицаецот Џон Бојд вели дека во неговата 20-годишен полициски стаж не видел некој да преживее удар од воз.

–  Беше свесен и присебен. Седеше и разговараше со нас. Никогаш не би рекол дека тој е жртва – рекол полицаецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top