| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 35 кражби на струја – направиле штета од 13.000 евра

evn

Од почетокот на месецов 35 корисници добија кривични пријави за кражба на електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица откриле 22 корисника кои ги манипулирале броилата и 13 кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа, соопштија од ЕВН.

Енергијата што ја трошат корисниците кои самостојно се приклучиле не се евидентира во системот на ЕВН Македонија и тие воопшто не плаќаат за потрошенотo. Притоа,  укажуваат од ЕВН Македонија, ова неовластено користење на електричната енергија претставува и кривично дело. По откривањето тие се веднаш исклучени од системот и поднесени им се пресметки и кривични пријави. Вкупната штета што ја направиле крадците изнесува 800 илјади денари или 5,4 милиони kWh.

Од ЕВН Македонија истакнуваат дека нивни стручни лица и полицијата ги продолжуваат засилените контроли и во наредниот период. Најавуваат дека покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем  следува за оние корисници кои имаат неподмирен  долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Во првите шест месеци од годинава ЕВН Македонина откри 1.200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ, крадците украле 20 милони киловатчаса електрична енергија, се вели во соопштението од ЕВН Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top