| четврток, 6 декември 2018 |

23 август – Нов рок за извештајот за 24 декември

Во периодот што следува да се вложат последни напори за деблокирање на процесот, негово интензивирање и донесување на конечно решение околу извештајот на комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија, ова е дел од она за што денеска разговарале  претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– На средбата беше договорено, досегашниот краен рок за постигнување согласност за извештајот на комисијата, 14 август, да се одложи и истиот да биде до петок, 23 август 2013 година, по што доколку не биде постигната согласност, ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение – стои во усогласеното соопштение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top