| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот за Универзитетскиот кампус во Велес во вторник ќе биде презентиран пред Владата

vlada

Во вторник ќе се знае како ќе изгледа Студентскиот кампус во Велес кога компанијата CEL. Pvt. Ltd. официјално ќе ја презентира физибилити студијата за едукативниот центар што ќе биде единствен од ваков тип во регионот. На презентацијата ќе бидат присутни владини претставници, Форумот за инвестирање од Британија, DTZ реномирана компанија за изработка на проектот, како и претставници на Ashridge Business School.

-Овој универзитетски кампус ќе биде место на повеќе универзитети кои ќе нудат квалитетно образование по пристапни цени за студентите од Македонија и регионот. Проектот за Велес едукативниот кампус ќе го подобри и зголеми квалитетот на високо наставните образовни програми во земјата кои ќе продуцираат квалитетни професионалци кои се бараат за поддршка на аспирациите за економскиот раст на Македонија. Овој едукативен кампус ќе прерасне како врвен регионален Центар во полето на високо образование за целиот Балкански регион – изјави Гириш Чандра- претседател, CEL.Pvt.Ltd.

Лидерот на британскиот пазар DTZ спроведе физибилити студија за Универзитетскиот кампус во Велес. Претставници од компанијата направија преглед на можностите и инфраструктура на езерото Младост во Велес, каде што е планирана изградбата на кампусот.

,,Ние сме во многу критичен момент во проектот. Сега е време да се претвори визијата на владата и концептот предложен од CEL во финален производ кој може да се претстави на заинтересираните универзитети и инвеститорите “, вели Гурав Семвал извршниот директор на CEL Глобал.
CEL.Pvt.Ltd. се развива во согласност со големите можности за развој во образовната индустрија низ светот, особено во Индија и Југоисточна Азија како брзо растечка компанија. Компанијата има партнерства со голем број од нивните клиенти од концептуализирање на едукативните проекти до нивно финално спроведување и работење. Низ годините CEL ги помина интернационалните граници и компанијата беше успешна во задржување на силни контакти со странските клиенти во рамките од едукативната индустрија.

Досега компанијата има имплементирано успешни проекти во Велика Британија, Канада, Соединетите Американски Држави како и во делови од Азиските земји.
-Многу сме благодарни за помошта и поддршката која што ни ја пружи Владата на Македонија и останатите Владини агенции. Поради нивната значителна поддршка ние го достигнавме овој значаен напредок во проектот. CEL има направено и ќе продолжи да прави инвестиции во Македонија и има намера да биде партнер на Владата на различни едукативни проекти – изјави Амриш Чандра, потпретседател на CEL Pvt. Ltd.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top