
СДСМ ги отфрли обвинувањата дека нивна е вината за нефункционирањето на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември и ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека не сторила ништо за одблокирање на Комисијата.
Со лиферување на овие лажни информации, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не само што сака да ја избегне одговорноста за нефункционирањето на Комисијата за 24 декември, туку и дека никогаш искрено немало намера да ги исполни своите обврски и да го испочитува договорот постигнат на први март. Од своја страна, ВМРО-ДПМНЕ не стори ништо да се одблокира функционирањето на Комисијата, затоа што не сака обелоденување на вистината за тоа што се случи на 24 декември во Собранието“,, изјави портпаролот на СДСМ Шилегов.
Тој истакна дека натамошното функционирање на Комисијата, по повлекувањето на претседателот Давитковски, е одговорност на власта и претседателот Иванов, чијашто обврска е именувањето прв човек на Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


