Вечерва со почеток во 20 часот македонската машка кошаркарска репрезентација ќе одиграат пријателски натпревар со репрезентацијата на Литванија во СЦ Борис Трајковски. Литванија е наш противник и во групата на европското првенство во Словенија.
Ова ќе биде наш еднинствен пријателски натпревар што нашите репрезентативци ќе го играат на домашен паркет. Пресметката на двата ривали го привлече вниманието на целокупната спортска јавност, па затоа сите билети се распрадедени оддамна. Од кошаркарската федерација на Македонија соооштуваат дека сите граѓани што купиле билети преку системот на МК-тикетс да дојдат до 18 часот во Борис Трајковски и да ги подигнат од билетарата на спортскиот центар.
Полните трибини се гаранција за одлична атмосфера и подгревање на надежите дека може да се повтори одличниот успех од европското првенство одржано токму во Литванија во 2011 година. Се очекува фантастична подршка од трибините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


