
Отецот Артур Којл бил уапсен поради тоа што бил фатен на лице место додека имал сексуални односи со проститутка на гробишта во Масачусетс.
Напалениот свештеник бил затекнат случајно при рутинска контрола на полициска патрола која прави обиколки на гробиштата во ноќните часови поради сквернавење на гробовите. Полицајците слушнале гласови па најпрво помислиле дека станува збор за вандали, но подоцна го затекнале свештеникот во „акција“ со проститука.
Иако претходно полицијата имала забележано случаи на сексуални односи на гробишта меѓу тинејџери, тие биле шокирани кога го затекнале отецот во таква ситуација.
По ноќта мината во притвор, тој бил пуштен со кауција од 2.500 долари, а јавноста веднаш била известена дека тој доброволно дал отказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


