| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана глуми на плажа

tijana-dapcevic-glumi na plaza

Тијана Дапчевиќ сериозно ја сфатила поканата за глумење во претставата „Пукла брука“ со која гостува низ Црна Гора. За нејзината нова преокупација таа дури размислува и додека се сонча. Неодамна, Тијана е снимена во друштво на актерот Мики Дамјановиќ и режисерот Милица Краљ додека ги повторувале рекликите од претставата.

Според очевидци, не само што лудо се забавувале Тијана и Мики, туку и сите околу нив затоа што претставата имала многу комични реплики.

Претставата моментално е на летна турнеја во Црна Гора, а од есен повторно ќе игра во театарот „Бошко Буха“ во Белград. По оваа улога, Тијана подготвува уште една во нова претстава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top