| четврток, 6 декември 2018 |

Крвопролевање по улиците во Каиро- вртоглаво расте бројот на жртви (фото+видео)

egipet2

Најмалку 235 луѓе се убиени, меѓу кои и двајца новинари, а повеќе од 1.400 се повредени во денешните крвави судири меѓу безбедносните сили и приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси во Египет.

egipet1

Според агенциските информации, по улиците на Каиро се случува ужасно насилство и крвопролевање при обидите на властите да ги растераат демонстрантите.

egipet4

Во судирите настрада и камерманот на „Скај њуз“, Мик Дин, како и новинарот на Експрес од Дубаи, Хабиба Абделазиз. Двајцата ги покривале протестите во главниот град на Египет.

BRITAIN-EGYPT-POLITICS-UNREST-MEDIA-DEATH

Неофицијално, бил убиен уште еден локален новинар, но информацијата сѐ уште не е потврдена. Во меѓувреме, има информации дека при нередите биле уапсени најмалку 12 домашни и странски новинари.

egipet3

Судирите почнаа откако властите почнаа да го дислоцираат кампот со приврзаници на Морси. Според информациите од Муслиманското братство, во операцијата на владините сили биле убиени најмалку 2.000 луѓе, а 10.000 биле повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top