| четврток, 6 декември 2018 |

15 мртви во сообраќајка на Јава

soobrakajkaНајмалку 15 лица загинаа кога патничи автобус налетал на еден автомобил и три мотори на индонезискиот остров Јава, соопшти денеска полицијата.  Во судирот во округот Банјумас во централна Јава на лице место настрадале 12 лица, а три лица починале откако биле пренесени во болница.

Локалната полиција соопштила дека автобусот, во кој се наоѓале 25 патници, удрил во автомобил и три мотори додека се обидувал да заобиколи автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top