| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден возач близу охридскиот аеродром

aerodrom1

Возач е повреден во сообраќајката што се случи синоќа околу 19.30 часот во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“ на патот Охрид-Струга.

До несреќата дошло кога возилото марка „даеву“ со охридски таблички се вклучувало на регионалниот пат, при што наишло и се судрило со „пежо 306“ со битолски регистерски таблички. Возачот на „пежото“ се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде е задржан на лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top