| четврток, 6 декември 2018 |

Природен рецепт против летачките гнаси наречени комарци

Направете сами природен и сосема безбеден препарат против убоди од комарци.

Сѐ што е потребно е половина литар 100 проценти алкохол, кој може да се најде во секоја аптека низ земјата, 100 грама каранфиле и 100 милилитри масло за тело, без разлика дали е бадемово, од лаванда или, пак, обично бебешко масло.

Подготовка: Каранфилчето потопете го во алкохолот и оставете да кисне четири дена, при тоа мешајќи го редовно секое утро и секоја вечер. По четири дена додајте го и маслото и добро промешајте. Со само неколку капки, кои ќе ги намачкате на вашата кожа, комарците ќе ве одбегнуваат со часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top