Охридските спасувачи летово регистрирале три случаи во кои родителите си го заборавиле децата на плажа и си заминале, пишува „Вест“.
Сашо Точко од Црвениот крст на Охрид за „Вест“ вели дека најголем проблем е кога заборавените деца се многу мали, па не знаат точно да објаснат кого бараат и каде им се наоѓаат родителите.
– Во еден случај самото дете ги бараше родителите, а во другите двајцата родители бараа од спасителите да ги пронајдат нивните заборавени деца. Потрагата по загубените деца траеше од 15 минути до половина час. Нашите спасители се обучени и тие по уплашениот поглед на детето знаат дека тоа е оставено само и заборавено и тогаш стапуваат во акција. Полесно е кога родител го бара оставеното дете бидејќи знае каде и кога го оставил. Во секој случај, кај сите се забележува вознемиреност – вели Точко.
Загубените деца биле најдени на плажите Славија и Орце Николов кај Свети Стефан, а од Црвениот крст не сакале да кажат дали родителите се македонски или странски туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


