| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони си избра наследник

Одбивањето на жалбата на пресудата за затајување данок за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони,  ги поттикна шпекулациите дека на чело на неговата партија на десниот центар Народ на слободата може да дојде неговата најстара ќерка, 47-годишната Марина, пренесува  24 Вести.

Неуспехот на италијанскиот политичар и медиумски могул во обидите да се справи со пресудата минатата недела значи дека се соочува со домашен притвор или општествено корисна работа, што би можело да биде премногу и за неговата вештина на водење кампањи, коментираат светските медиуми.

Марина Берлускони е на чело на деловната империја на поранешниот премиер, вредна 6,6 милијарди долари, меѓутоа таа јавно одбива да се вклучи во политиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top