| четврток, 6 декември 2018 |

Руни се испокарал со сите во Манчестер

Вејн Руни сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а клубот веќе јасно му стави до знаење дека нема шанси да го продаде

srek-500

Како и да е, англискиот напаѓач последниве месеци е посветен на една цел, да ја принуди Управата на актуелниот првак во Премиер лигата да го стави на трансфер-списокот.

Се чини на крајот успеа во тоа.

Според пишувањето на островските медиуми, Руни не е во најдобри односи со најискусните фудбалери на „црвените ѓаволи“, па поради него атмосферата во соблекувалната е доста затегната.

Дури и ги разбеснел авторитетните Рајан Гигс, Рио Фердинанд и Патрис Евра, коишто до пред некоклу недели го поддржуваа, убедувајќи го да остане да игра на „Олд трафорд“.

Сега ситуацијата е променета, Гигс и Фердинанд се лути поради неговиот упорен став да го напушти Јунајтед, па несогласувањата во соблекувалната би можеле да го променат мислењето на челниците на клубот. Руни не се откажува, незадоволен е од позицијата во екипата, а на тој начин, по се изгледа, само сврте повеќемина соиграчи против себе.

Инаку, 27-годишниот голгетер уште од 28 април не бил стартер на некој натпревар за својот табор, а ќе го пропушти и дуелот во  Стокхолм, наводно поради повреда на рамото.

Се чини по секоја цена сака да избегне средба со навивачите, а засега тоа му оди од рака. Развојот на ситуацијата внимателно го следи Челси. Лондонските „сини“ веќе испратија една понуда од 25 милиони фунти. Јунајтет ова експресно го одби.

Сепак, Жозе Мурињо нема да чека долго и да им дозволи на конкурентите да го минат во оваа трка, бидејќи на „фудбалскиот пазар“ ретко се наоѓа играч како Руни, па сигурно веќе подготвул нова сума со која ќе се обиде да го промени ставот на раководтсвото на клубот од  „Театарот на соништата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top